Родовата еднаквост и оснажувањето се меѓу највисоките Милениумски развојни цели, кои наскоро ќе ги замени Равојната рамка за периодот по 2015 година. Поаѓајќи од универзалниот пристап до сексуално и репродуктивно здравје и права како предуслов за еднаквост, овој документ укажува на важноста на сексуалното и репродуктивно здравје и права во рамки на Развојната агенда по 2015 година, меѓудругото откривајќи го напредокот во оваа област во македонски контекст.
Документот е на македонски, албански и англиски јазик.