Младинските центри „Сакам да знам“ се непроценливо важни места на мапата на градот, кога станува збор за сексуалното и репродуктивно здравје. Отворени во 2005 година (Младински центар на Водно) и во 2006 (Младински центар Шуто Оризари), тие веќе 10 години обезбедуваат медицински услуги и советувања за млади, бесплатно, доверливо и анонимно. На над 25.000 млади за 10 години им биле пружени околу 100.000 услуги – од гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, ЕХО дијагностика, ПАП тест, ХИВ тестирање, па сè до бесплатна контрацепција и советувања.
https://youtu.be/VWWp4PVsdpQ
Самите бројки сами по себе говорат зошто понатамошното постоење на овие центри е исклучително важно. Но уште повеќе говорат променетите животи на многу млади на кои токму овие центри им помогнале.
Во периодот што следува, меѓународните средства ќе се намалуваат. Поради несигурност на финансирањето од 2017 година, иднината на центрите е неизвесна и ќе биде потребно поголемо вклучување на локалната заедница и на корпоративниот сектор.
Сите оние компании заинтересирани да ги поддржат центрите „Сакам да знам“ можат да се обратат директно во ХЕРА, на hera@hera.org.mk.