На Светскиот ден на лицата со Даунов синдром (21 март), потсетуваме колку е значајно да се зборува и да се стекнуваат знаења за сексуалното и репродуктивното здравје. Сексуалната едукација, согласно индивидуалното развојно ниво на лицата со Даунов синдром, придонесува за квалитетен живот, соодветни меѓучовечки реалции и односи, здрава сексуалност, намалување на ризикот од сексуална злоупотреба, заштита од полово преносливи инфекции, превенција од непланирана бременост. Да ги поддржиме лицата со попреченост да се информираат за „заштита” и за „избор” во нивниот живот за да си обезбедат благосостојба за себе, а и за другите!