01.12.2016

Регионален состанок на Југоисточна Европа за ХИВ

Регионален состанок на владини и невладини претставници од 8 земји од Југоисточна Европа за ХИВ

По повод 1 декември, Светскиот ден на СИДА, денес се одржа првиот ден од дводневниот Регионален состанок на Југоисточна Европа за ХИВ, на кој учествуваат 50 претставници – од Глобалниот фонд, државни институции, граѓанскиот сектор, претставници од заедниците – од 8 земји. Целта на регионалниот состанок е да се дискутираат механизмите за одржливост, вклучување на заедниците во регионалниот дијалог, добри практики, предизвици и можности за одржливост по заминувањето на Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија (ГФ), и механизмите на ГФ за поддршка на земјите кои транзитираат од ГФ.

regionalna-hiv-konferencija-01-12-2016-01

Во годината кога од една страна сме соочени со завршување на финансирањето на Глобалниот фонд на програмите за превенција од ХИВ, и од друга страна со кратење на вкупно потребниот буџет за продолжување на програмите за превенција за 59%, повеќе од потребно е да се продолжи со напорите за изнаоѓање на механизми со кои ќе се обезбеди одржлив одговор на ХИВ. Токму затоа, мрежа од организации и институции кои работат на ова поле во Југоисточна Европа си ја поставија целта – формирање на регионален координативен механизам кој ќе работи на одржливост на програмите ХИВ во овие земји. Само заеднички и координиран одговор ќе може успешно да одговори на предизвиците кои се пред најголем дел од земјите, во моменти кога голем дел од владите не обезбедуваат доволно средства за одржување на превентивните програми.

На првиот ден од регионалниот состанок свои обраќања имаа повеќе претставници. Аида Куртовиќ, заменик-претседавач на Управниот одбор на Глобалниот фонд за борба против ХИВ, туберкулоза и маларија се осврна на едно од најбитните прашања – дали е можно да се стави крај на ХИВ епидемијата во земјите на ЈИЕ, ако се имаат предвид актуелните инвестиции од страна на локалните влади и интернационалните донатори. Свои излагања имаа и претставниците на Националните координативни механизми од земјите учесници: Македонија, Бугарија, Србија, Косово, Албанија, Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Романија.

regionalna-hiv-konferencija-aida-kurtovic

Бојан Јовановски (ХЕРА), Аида Куртовиќ (Глобален фонд), Христијан Јанкулоски (НКМ)

Господинот Метју Мекгрегор – како претставник на програмата за одржливост од Глобалниот фонд,  и Gyongyver Jakab, говореа за политиките и механизмите за одржливост и неопходно зголемување на домашните финансии за соодветен одговор за ХИВ. Раминта Стуиткјте како специјален претставник на Генералниот секретар на ОН за ХИВ/СИДА во Источна Европа и Централна Азија ги изложи добрите практики и транзиционите модели за одржливост на ХИВ програмите. За потребата од зголемување на домашното финансирање и градење на одржливи сервиси за клучните популации за време на-и-по процесот на транзитирање говореа Хорхе Сааведра од AIDS Healthcare Foundation и Екатерина Лукичева од Фондацијата Отворено општетсво.

Регионалниот состанок продолжува и утре, петок 02 декември, со работни групи и официјално формирање на Регионалниот национален координативен механизам, и дефинирање на неговите цели и активности како здружено, мултусекторско и регионално тело кое ќе се залага за одржлив одговор на ХИВ.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Анализа и предлог-модалитети: здравствената заштита за репродуктивното здравје во Македонија

Жените во Македонија, особено оние од социјално ранливите групи, се соочуваат со различен вид на бариери во обидот да се снабдат со услуги за репродуктивното здравје. Лошото репродуктивно здравје е причина за една третина од глобалното оптоварување со болест кај жените во репродуктивна возраст и една петтина од сите причини за глобалното оптоварување од болести кај општата популација.

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за ангажирање правен/-на советник/-чка

Во рамки на проектот „Унапредување на здравјето на Ромките”, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање правен/-на советник/-чка во Скопје, за периодот април – декември 2019 година.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.