Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија го спроведува проектот „Заштита од дискриминацијата на ЛГБТИ на локално ниво“. Во рамки на овој проект се предвидени активности за зголемување на свеста на јавноста за намалување на дискриминацијата и насилството врз ЛГБТ лицата во Македонија. Предвидена е изработка на видео спот, негово емитување на локални и национална ТВ и пет тркалезни маси за промоција.
Ве покануваме да ни ги доставите вашите понуди најдоцна до 15 декември до 17:00 часот по електронски пат на konkurs@hera.org.mk и по пошта на Дебарца 56, 1000 Скопје.
Во делот на технички спецификации се обезбедени информации и детали за поедноставно осмислување на понудите.
Комплетното барање со спецификации може да го најдете на овој линк.
Дополнителните прилози ((образец за понуда, изјава на понудувачот и биографија) ќе ги најдете на овој линк.