Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување заедно со Коалицијата Сексуални и Здравствени права на маргинализираните заедници со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје ја организираа конференцијата „Унапредување на заштитата од дискриминација, со фокус на сексуална ориентација и родов идентитет“.
Повеќе од осумдесет претставници на здруженија на граѓани, како и оние кои ги претставуваат ЛГБТ, Народниот правобранител на РМ, Министерството за труд и социјална политика, локалните самоуправи на Струмица, Штип и Куманово, агенциите на ОН, зедоа учество во панел дискусиите за унапредување на централните и локалните механизми за превенција и заштита од дискриминација.
Главните заклучоци од конференцијата се:
- Да се измени Законот за превенција и заштита од дискриминација во согласност со препораките на мултисекторската работна група во рамки на Министерството за труд и социјална политика. Помеѓу останатото, ова значи вклучување на сексуалната ориентација и родов идентитет како основа за дискриминација, но исто така редефинирање на критериумите за избор на членови на КЗД и обезбедување на финансиска и институционална поддршка за КЗД.
- Да се зајакне работата на локалните механизми за заштита од дискриминација во рамки на нивните законски надлежности преку примерот на новоформираните Локални тела за заштита од дискриминација во Штип, Куманово и Струмица