ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување распишува Повик за понуди за логистичка организација на регионална конференција во период 24- 26 мај 2017. Детален опис на предметот на договорот, елементите кои треба да ги содржи понудата, како и критериумите за доделување на договорот за набавка, се дадени во техничките спецификации во документот кој може да го преземете на овој линк.
Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно правно лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка.
Краен рок за поднесување на понудите е 12 мај 2017 година до 17:00 часот.