ХЕРА МЛАДИ

ХЕРА Млади произлезе од потребата на младите да бидат слушнати и да ги преземат работите во свои раце секојпат кога приоритетните прашања за младите не се приоритетни прашања за институциите. Денес неформалната младинска група на ХЕРА брои над 90 млади на возраст од 16 до 25 години кои со младешка жар и посветеност ја подигаат свеста и ги едуцираат своите врсници за сексуалното и репродуктивното здравје и права преку врсничките едукации за сеопфатното сексуално образование и во своето „Секси маало“ кое од 2011 година секоја втора среда се емитува на Радио МОФ

Од 2013 година наваму се дел и од Визија 2020 на Меѓународната федерација за планирано родителство затоа што одржливиот развој и еднаквоста не може да се постигнат без почитување и уживање на сексуалните и репродуктивните права. Свесни дека Македонија е на дното на листата по употреба на контрацепција во Европа и при врвот кога е во прашање стапката на тинејџерски бремености и абортуси кај младите, а насилството и силеџиството сè почести, младите го бараат она што им следувапристап до орална контрацепција на позитивната листа и пристап до бесплатни кондоми, сеопфатно сексуално образование во училиштата и младински пријателски центри за сексуално и репродуктивно здравје!

Повеќе: