Активизмот и младинското волонтерство ни се меѓу најважните вредности.
28 септември е датум што не пропуштаме да го одбележиме зашто и натаму замислуваме – наместо да живееме – во свет во кој нема осуда на абортусот. Тука сме и ќе ја истераме до крај за да твоето тело и избор бидат само твои.
Репродуктивната слобода оди рака под рака со контрацепцијата, па ХЕРА Млади со младешка упорност го бараат она што на младите им следува! Така ем ја подигаат свеста кај младите, ем ги потсетуваат донесувачите на одлуки дека контрацепцијата џабе е модерна ако не е пристапна (и обратно).
Преку Заокружи 20 го промовиравме Протоколот за постапување во случаи на дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, а од 2013 година ги одбележуваме ноемвриските „16 дена активизам против насилството врз жените“.
Им посакавме добредојде на сите во Шуто Оризари – општината без матичен гинеколог и го потсетивме министерот за здравство дека 8000 жени од Шуто Оризари немаат гинеколог.
Од надлежните баравме воведување на сеопфатното сексуално образование (и) со поддршка на 47 здруженија-потписници на Декларацијата за сеопфатно сексуално образование, а одржавме и Јавен час на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје бидејќи крајно време е за сексуална писменост за сите!