Од 2009 ХЕРА Млади бара воведување на сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Последните истражувања покажуваат дека ваква програма има ефект, а податоците од терен покажуваат дека потребата е огромна. Зголемување на бројот на сексуално преносливи болести, недостаток на наставни програми и знаења за сексуално и репродуктивно здравје,насилството во училиштата,широко распространети митови и стереотипи.
На младите им е потребен пристап до точни и базирани на наука информации и факти коишто ќе им овозможат да донесуваат слободни и информирани одлуки.
Научната јавност бара воведување на ССО, ова е поддржано од НВО секторот, и Комисијата за еднакви можности, но Бирото за образование и Министерството за образование велат нема потреба.
ССО е функционално, потребен е последниот чекор – наставна програма за сеопфатно сексуално образование.
Време е за сексуална писменост и сеопфатно сексуално образование за сите!
Затоа, ХЕРА Млади организираше Јавен час по Сеопфатно сексуално образование, кој се одржа на 16 мај 2016 (понеделник) од 11 часот, на платото пред Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје.