На 17 декември 2024 година, во кафе „Синдикална култура“ во Скопје, ќе се одржи новогодишно дружење со продажна изложба на брошови, изработени од 20 девојки, учеснички на работилницата „Обликувај промени“.
Средствата од продажбата се наменети за:
• Унапредување на услугите во Младинските центри „Сакам да знам“;
• Поддршка на Првиот семеен центар;
• Развој на Центарот за машко ментално здравје.
Настанот е дел од проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија“, кој ја зајакнува улогата на младите жени во општеството преку креативни активности, промовира солидарност и поддржува значајни иницијативи.
Придружете ни се и поддржете ги нашите сервиси преку донација со купување на рачно изработен брош. Богатата колекција на брошеви може да ја разгледате на следниот линк: Донирај Промени – Google Drive