Во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија за развој на социјалното претприемништво“ поддржан од Владата на Република Северна Македонија, ХЕРА спроведе истражување за да се направи процена на капацитетите и потребите на Агенцијата во однос на социјалното претприемништво и потенцијалот за вклучување на овој концепт во нејзиното понатамошно работење и развој.
Агенцијата е државна институција основана со цел спроведување на владините политики за малите и средни претпријатија и други сродни проекти/програми донесени од страна на Владата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста.
Процената овозможи да се добие појасна слика за познавањата на вработените и менторите за концептот на социјалното претприемништво, за потребите од обуки на Агенцијата, како и за можностите за вклучување на посебни активности во целите на работата на Агенцијата. Врз основа на ова истражување беа осмислени програмите за обука на вработените во Агенцијата и на претставници од нејзината менторска мрежа.
Процената е достапна на следниот линк.