Во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија за развој на социјалното претприемништво“ поддржан од Владата на Република Северна Македонија, ХЕРА изготви прирачник согласно потребите и капацитетите на Агенцијата (АППРСМ) идентификувани преку процената спроведена во текот на јули-август 2020 година и еднодневната работилница која се одржа во ноември истата година со цел изготвување развоен план за воведување на социјалното претприемништво во работењето на Агенцијата.
АППРСМ е државна институција основана со цел спроведување на владините политики за малите и средни претпријатија и други сродни проекти/програми донесени од страна на Владата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста.
Прирачникот дава увид во потребата од социјалните претпријатија и нивната улога во социо-економските реформи. Понатаму, дава преглед на пет социјални претпријатија од земјите членки на Европската Унија, по што следи преглед на десет постоечки социјални претпријатија од земјава кои оперираат според различни законски рамки со цел да се прикаже нивната разновидност и улога во општеството. На крај,
во согласност со утврдените потреби, прирачникот дава увид во клучната терминологија која е релевантна за секторот
Прирачникот е достапен на следниот линк.