Повик за прибирање на понуди за креирање и спроведување на кампања за
подигање на јавната свест за здравствените права
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во рамки на проектот
„Унапредени здравствени права на жените, девојките и ранливите групи“
поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика Мобилитас,
објавува повик за прибирање на понуди од домашни правни лица за креирање и
спроведување на кампања за здравствените права
1. Позадина Здравствените права се основен дел од човековите права, но во Северна Македонија значителен дел од населението, особено девојките, жените и
ранливите групи, се соочуваат со ограничен пристап до квалитетни здравствени
услуги. Различни ранливи групи граѓани уживаат незадоволителна корист од
мерките и активностите утврдени со посебните владини програми, кои им се
гарантирани со Законот за здравствена заштита. Така, со скринингот на рак на
грлото на матката се опфаќаат околу 28 % од жените од целната група (наспроти
над 75 % во ЕУ), додека за рак на дојка се опфатени едвај 1 % од жените од
целната возрасна група (наспроти 50 %- 83 % во ЕУ). Доенечката смртност, која
изнесувала 4,5 % во 2021 година на национално ниво, посебно го засега ромското
население со стапка од 11,8 %. Македонија има и меѓу најниски стапки на
употреба на современа контрацепција во Европа, која изнесува 14 %, а само 8,6 %
меѓу Ромките, и опфатот со бесплатните контрацептивни средства со програмата
од 2021 бил под 1 %. Адолесцентската бременост помеѓу 2016 и 2019 била дури
шест пати повисока кај Ромките. Овие податоци укажуваат на потребата од итно
дејствување за унапредување на здравствените права и зголемување на свеста
за постоечките услуги.
Проектот се фокусира на поддршка и унапредување на четири клучни
превентивни програми при министерството за здравство кои се од витално
значење за здравјето на девојките, жените и ранливите групи:
1. Програма за активна здравствена заштита на мајки и деца – со цел да
се намали мајчината и доенечката смртност преку подобрување на
пристапот до антенатална и постнатална грижа.
2. Програма за рана детекција и скрининг на малигни заболувања – со
акцент на зголемување на опфатот на жените со скрининг за рак на грлото
на матката и ракот на дојката.
3. Програма за заштита на населението од ХИВ- инфекција – насочена кон
превенција, тестирање и поддршка за ранливите групи кои се најмногу
изложени на ризик од ХИВ- инфекцијата.
4. Програма за партиципација при користење на здравствена заштита –
со цел намалување на здравствените нееднаквости и зголемување на
пристапот до примарна здравствена заштита.
Инвестициите во здравството имаат директно влијание врз општествено-
економскиот развој. Здравствените права не само што го подобруваат
индивидуалното здравје, туку и помагаат во намалување на сиромаштијата и
социјалната исклученост. Преку оваа иницијатива, се стремиме да осигуриме дека
секој граѓанин, без разлика на нивниот социјален, економски или етнички статус,
има еднаков пристап до здравствени услуги.
Целта на проектот е да се подобри здравствената заштита на ранливите
популации во Северна Македонија. Специфични цели на проектот се:
1. Да се зајакне учеството на граѓанското општество во развивањето на
здравствените политики и буџети на Владата на Северна Македонија од
интерес на ранливи групи граѓани;
2. Да се зголеми ефективноста и финансирањето на владините здравствени
програми засновано на докази и според потребите на ранливите групи; и
3. Да се создаде поволна правна средина за граѓанските организации како
национални даватели на здравствени услуги која придонесува кон поголема
одржливост на услугите за ранливите групи.
Кампањата има за цел да ја подигне јавната свест за важноста на здравствените
права, да ги зајакне постоечките превентивни програми и да поттикне одговорност
кај институциите за обезбедување квалитетни здравствени услуги. Преку
кампањата, ќе се информираат граѓаните за нивните права, достапните услуги и
начините како да ги искористат истите.
Кампањата ќе биде дизајнирана за да ги информира и едуцира граѓаните,
користејќи иновативни и привлечни комуникациски методи преку социјални и
традиционални медиуми.
Проектот „Унапредување на здравствените права на жените, девојките и
ранливите групи“, го имплементира ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација
и истражување во партнерство со Здружението за еманципација, солидарност и
еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружение Иницијатива за правата на жените од
Шуто Оризари и Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ –
ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје, кој е финансиски поддржан од Швајцарската влада,
преку програмата ЦИВИКА Мобилитас.
2. Задачи:
– Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на
кампањата од лицето назначено од ХЕРА
– Да изработи маркетинг план, слоган и визуелен идентитет на кампањата во
согласност со насоките од проектниот тим
– Да понуди креативни решенија за медиумски продукти за постигнување на
целите на кампањата, кои ќе бидат изработени на македонски и на албански
јазик
– Да вклучи клучни целни групи во медиумските продукти, во соработка со
ХЕРА
– Да спроведе кампања на најмалку еден традиционален медиум и на
социјалните медиуми во времетраење од две недели
– Да изработи извештај за постигнатите резултати и да го достави до ХЕРА
3. Временска Рамка:
Работата на оваа активност се очекува да биде спроведена во период март-
октомври 2025 година.
4. Потребна документација за аплицирање
При аплицирањето, заинтересираните понудувачи треба да достават:
1. Краток опис на компанијата
2. Портфолио со сработени кампањи за дигитални медиуми, во областа на
човекови права, здравство, инклузија и сл.
3. Биографија од најмалку две лица со искуство во изработка и спроведување
на кампањи на традиционални медиуми, односи со јавност, маркетинг и
работа на социјални медиуми, кои би биле ангжирани на активноста
4. Предлог концепт за медиумска кампања и/или предлог концепт по задача
5. Тековна состојба не постара од 6 месеци
6. Финансиска понуда по ставки
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во
електронска форма.
Предвид ќе бидат земени само оние понуди од правни лица кои ги
исполнуваат условите и кои ќе испратат комплетна документација.
6. Евалуација на понудите:
ХЕРА, во согласност со одредбите од договорот на проектот, ќе спроведе јавен
повик за прибирање на понуди.
Евалуационата комисија ќе ги извести само оној кандидат чија понуда ќе биде
избрана, најдоцна 7 дена по затварање на повикот.
Критериумите за избор ќе бидат оценувани на следниот начин:
1. работно искуство – 10 поени
2. референци – 10 поени
3. предлог – кампања – 20 поени
4. финансиска понуда – 60 поени
За оваа консултантска услуга e предвиденa вкупна нето сума од 360.000,00
денари*. Рокот за доставување на финалните продукти е 30 септември 2025
година.
Пријавување
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на e-mail:
konkurs@hera.org.mk најдоцна до 17 март 2025г. 17:00 часот, со назнака предмет
на пораката Понуда за ангажирање на правно лице за креирање и
спроведување на кампања. Некомплетни понуди или понуди испратени по
предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3290 395 или на 076 447 702
Контакт лице: Оливера Стојковска Ивановска, Програмска асистентка
