ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во рамките на својата
програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), објавува повик за
учество на обука за врснички едукаторки и едукатори.
Обуката опфаќа:
– Тридневна обука за теоретско запознавање и спроведување на работилници со
седумте компоненти на ССО.
На оваа обука ќе се реализираат предавањa и работилници на теми како род, врски и
односи, тело и слика за телото, сексуалност, сексуално и репродуктивно здравје, насилство
и граѓански аспекти на сексуалноста и репродукцијата.
Тридневната обука ќе се одржи на албански јазик, од 11 до 13 април во Тетово.
– Дводневен процес на акредитација на врсничките едукатори.
Датумот за вториот дел на обуката ќе се договори дополнително со учесниците.
Сите учесници кои ќе го комплетираат процесот на акредитацијата, ќе станат
сертифицирани едукатори и едукаторки на ХЕРА и ќе имаат можност да спроведуваат
едукации за неформално сеопфатно сексуално образование на млади.
*Бројот на учесници е ограничен. Трошоците за храна и превоз за обуката и процесот на
акредитација ќе бидат покриени од страна на ХЕРА.
Во оваа програма можат да учествуваат сите млади кои:
-Се на возраст од 16 до 26 години;
-Се мотивирани да водат работилници за едукација на врсници;
-Сакаат да работат во тим;
-Сакаат да придонесат за унапредување на сеопфатното сексуално образование.
Пријавувањето трае до 08.04.2025 23:59 часот и истото може да се направи на следниов
линк:
–https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=-DSxJEjcd0S1dQ32PAd08bDvAYwYTUpNocAzR7KblVVUN0UxU0ZZSjY5S0I0U1hKRlVKT09GUVYwSi4u
ПОВИК ЗА ОБУКА ЗА ВРСНИЧКИ ЕДУКАТОРИ ПО ССО
Стани сертифициран врснички едукатор по Сеопфатно Сексуално Образование (ССО)!
11-13 април (обука на албански јазик) во Тетово за млади на возраст од 16-26 години
Што опфаќа обуката?
3-дневна обука за теми од ССО
2-дневен процес на акредитација
Сертификат и можност за спроведување ССО работилници
Бројот на учесници е ограничен! ХЕРА ги покрива трошоците за храна и превоз.
Пријави се до 8 април 2025 година
Аплицирај на линкот