На 28 февруари 2025 година во Скопје ќе се одржи Регионална конференција: „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“. Со огромна чест и задоволство ве покануваме навреме да го пријавите вашето учество и да си обезбедите место на овој исклучително важен и голем настан за младите од Западен Балкан, кои се основата за демократска и одржлива иднина на регионот. Потврдете го вашето присуство со регистрација на следниот линк: https://forms.gle/goprXe24RnYtaqMT7, или за повеќе информации, контактирајте нѐ на следниот меил: dragana.karovska@hera.org.mk и со тоа вклучете се во дискусијата која е клучна за обликување на политиките кои вистински ги поддржуваат и зајакнуваат младите во регионот.
На конференцијата ќе биде претставена и заедничката Декларација за младинско зајакнување и политичка посветеност, како моќна алатка за обединување на креаторите на политики, лидерите на граѓанското општество и младинските гласови во напредувањето на одржливиот развој и демократските вредности. Ќе бидат присутни младински активисти, студенти, членови на академската заедница, претставници на институциите и носители на одлуки, претставници на граѓанскиот сектор и меѓународните организации.
Целтта е да се понуди цврста платформа за обединување на младите од Западен Балкан гласно да зборуваат за состојбата и предизвиците и да повикаат на дијалог во кој ќе бидат рамноправни партнери во донесувањето одлуки, заради постигнување целосен пристап до квалитетно образование и можности за вработување, уживање на сеопфатни здравствени услуги без исклучок, развој на културниот живот и сериозно разработени климатски акции за одржлива иднина.
Конференцијата е дел од регионалниот проект „Зајакнување на младите за демократска и одржлива иднина на Западен Балкан,“ поддржан од Фондот за Западен Балкан, а имплементиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Северна Македонија, Центарот за популациски политики и одржлив развој – IPPF Србија, Организација за унапредување на квалитетот на образованието (ОРКА) – Косово и Граѓанска отпорност – Албанија.
Агендата од настанатот е достапна на македонски, албански и англиски јазик. Погледнете на следните линкови: