ХЕРА во рамките на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО) објавува повик за врснички едукаторки и едукатори.
Обуката опфаќа:
- I Дел: тридневна обука за теоретско запознавање со седумте компоненти на ССО и тоа: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност.
Обуката ќе се одржи од 03ти до 05ти февруари во Скопје. - II Дел: тридневна обука за спроведување на работилници и процес на акредитација на врсничките едукатори. Овој дел ќе се одржи надвор од Скопје од 17ти до 19ти Февруари.
- Сите учесници кои ќе ја поминат акредитацијата ќе станат сертифицирани едукатори и едукаторки на ХЕРА и ќе имаат можност да спроведуваат едукации на млади во текот на 2017 година.
Ги покануваме сите млади кои се:
- на возраст од 19 до 23 години
- мотивирани да водат работилници за едукација на врсници
- имаат основни познавања за сексуално и репродуктивно здравје и права
- сакаат да работат во тим, знаат да исполнуваат задачи навреме
Пожелно е кандидатите да се:
- со волонтерско и активистичко искуство за човековите права
- студенти и студентки на институтите за род, психологија, филозофија, социјална работа, медицински факултет, правен факултет и други.
Заинтересираните најдоцна до 26-ти јануари 2017 треба да испратат:
- Кратка биографија во која ќе го наведат своето претходно волонтерско и активистичко искуство, обуки за човекови права или зa сексуално и репродуктивно здравје
- Писмо во кое ќе ја изразат својата мотивација зошто сакаат да бидат едукаторки и едукатори (најмногу 500 зборови)
Бројот на учесници е ограничен. За првиот дел од обуката во Скопје, ХЕРА не покрива сместување и патни трошоци. Средствата за вториот дел од обуката надвор од Скопје се покриени од страна на ХЕРА.
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор можно е да бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Документите со назнака/предмет на пораката Повик за обука на врснички едукатори можете најдоцна до 26-ти јануари 2017, 24 часот да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: seksualnoobrazovanie@hera.org.mk