Доколку имате идеја за сопствен бизнис, а воедно сакате да помагате во општеството, социјалните претпријатија се совршена алатка за остварување на замисленото. Затоа пријавете се за учество во нашата Летна школа за социјално претприемништво и дознајте повеќе за новиот бизнис-бран што доаѓа!
Летната школа ќе се одржи од 27 август до 2 септември 2018 година во хотелот „Белведере“ во Охрид во рамки на ИПА-проектот Отвораме можности, финансиран од Европската Унија. Обучувачи ќе бидат експерти од партнерската Удруга за креативни развој (СЛАП) од Република Хрватска.
Летната школа е отворена за најмногу 20 учесници и учеснички кои ќе бидат известени за изборот најдоцна до 11 јули 2018 година. При изборот ќе имаат предност претставниците на граѓанскиот сектор и физичките лица со познавање на општествените проблеми и со силен мотив за учество. Крајниот рок за пријавување е 4 јули, а пријавата е достапна тука.
По завршувањето на Летната школа за социјално претприемништво ќе им бидат доделени сертификати за учество само на оние учесници и учеснички кои редовно ги следеле сите сесии и активно учествувале во нив.
Сместувањето и патните трошоци се покриени од страна на ХЕРА, а за дополнителни информации контактирајте ја проектната координаторка Васка Цветаноска Панова на vaska.panova@hera.org.mk.
Овој настан е организиран со помош на Европската Унија. Содржината на настанот е единствена одговорност на ХЕРА, Удруга за креативни развој СЛАП и Град Скопје и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.