Во 2016 година ХЕРА започна со нова програма за практикант(к)и со цел да им даде можност на младите да се развиваат и да градат искуство така што ќе станат дел од нејзините секојдневни активности.
Доколку сакаш да бидеш практикант/ка во ХЕРА, треба:
- да имаш помеѓу 18 и 25 години
- да имаш најмалку една година волонтерско или активистичко искуство во формално или
неформално здружение на граѓани - во последниве две години да имаш координирано или водено одредена активност како волонтер/ка
или активист/ка - одлично да ги познаваш македонскиот и англискиот јазик
- да имаш изградени вештини за логистика
- да имаш изградени вештини за информатичка технологија (Word, Excel, PowerPoint, WordPress,
социјални медиуми) - навремено да ги исполнуваш зададените задачи
Предност ќе имаат оние кандидат(к)и кои завршиле:
– обука од областа на сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ) и човековите права и
– модул на сеопфатно сексуално образование (ССО)
Избраниот/та практикант/ка ќе помага во спроведувањето на активностите поврзани со младинската програма на ХЕРА и така ќе стекнува соодветно искуство и знаење. Практикантот/ката ќе волонтира на активности со цел зголемување на учеството на младите од младинската група на ХЕРА во промоција на СРЗ и ССО, како и на нивната вклученост како едукатори за ССО.
Практикантот/ката ќе подготвува редовни извештаи за спроведената работа пред координаторката на младинската програма. Предвиденото време за волонтирање на практикантот/ката е секој работен ден од 08.30/9.30 до 12.30/13.30 или од 12.30/13.30 до 16.30/17.30 часот. Вкупниот број на часови за волонтирање во неделата изнесува 20 часа. Практикантот/ката добива нето месечен надоместок за трошоци за храна и
превоз во износ од 4.654,00 денари.
Доколку сакаш да станеш дел од ХЕРА, испрати ни:
- кратка биографија во која ќе ги наведеш и активностите кои си ги спровел/а како волонтер/ка или активист/ка, како и обуките што ги имаш поминато,
- пополнета апликација за практикант/ка во ХЕРА и
- индивидуална препорака од одговорно лице во здружението каде што го стекна претходното волонтерско искуство.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за практикант/ка испрати ги на konkurs@hera.org.mk најдоцна до 20 јуни (среда).
Сите кандидат(к)и кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор. Те молиме наведи и телефон и e–адреса за контакт. Сите кандидат(к)и ќе бидат известени за резултатите по електронски пат во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.