Спроведено во општество со многу ниска преваленца на ХИВ, каде што поголем дел од граѓаните не ја одобруваат хомосексуалноста (91,6%) и каде што не постои сеопфатен закон за заштита на лица од дискриминација врз основа на сексуалната ориентација, ова истражување има за цел да обезбеди опис и темелна анализа на различните родови и сексуални идентитети, сексуално однесување и практики, како и сексуални здравствени потреби на мажите кои имаат секс со мажи во различни социо-културни средини во Македонија. Се надеваме дека ќе обезбеди контекстуално сензитивен и аналитички преглед, како и основни податоци кои понатаму можат да се употребуваат за креирање на идни програмски интервенции од главните чинители одговорни за превенција на ХИВ меѓу МСМ, позитивна превенција кај лицата кои живеат со ХИВ, како и превенција на ХИВ воопшто.
Истражувањето е достапно на македонски и англиски јазик.