ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување е граѓанска организација која работи на унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ) и на промоција на родовата еднаквост. Формирана во 2000 година, ХЕРА со години активно и успешно застапува за подобрување на политиките, националните капацитети и праксите за подобар квалитет, грижа и услуги за СРЗ и заштита од родово засновано насилство. Преку своите сервиси обезбедува услуги за здравствена и социјална заштита за повеќе од 6.000 лица годишно, од кои најголемиот дел се жени и лица од ранливите и маргинализираните заедници. ХЕРА е единствената организација која спроведува едукација кај младите за сеопфатното сексуално образование и еден од главните застапници за негова интеграција во формалното образование. ХЕРА е полноправна членка на МФПР (International Parenthood Planned Federation) од 2009 година. Во согласност со стратегијата за периодот 2023 – 2028, организацијата работи на следниве три приоритети: 1) Младинско учество, 2) Сексуална и репродуктивна грижа и 3) Родово засновано насилство.
ХЕРА објавува оглас за вработување на Извршен/-на директор/-ка. Извршниот директор/-ка е одговорен/-на за институционалниот развој, обезбедување одржливост на организацијата и општествено влијание во областите во кои таа работи. Примарната задача на Извршниот/-та директор/-ка е да менаџира со вработените заради спроведување на организациската стратегија и годишните програми.
Одговорности на Извршниот/-та директор/-ка
Според член 33 од статутот на Здружението, Извршниот/-та директор/-ка ги има следниве надлежности:
- Го претставува Здружението во јавноста, пред партнерите и пред донаторите;
- Раководи со активностите на Здружението во согласност со стратегијата, годишната програма, буџетот и останатите одлуки на Собранието;
- Се грижи за правилно спроведување на сите акти на Здружението;
- Се грижи за навремено извршување на одлуките донесени од Собранието и Управниот одбор;
- Го следи и контролира административно-финансиското работење на Здружението и за него поднесува тромесечен извештај до Управниот одбор;
- Се грижи за одржливоста на Здружението;
- Одлучува за изборот на вработени и за престанокот на работните односи, ја следи и ја координира нивната работа;
- Одговорен/-на е редовно а најмалку еднаш во три месеци да го известува Управниот одбор за тековните состојби од имплементација на оперативните планови и буџети;
- Се грижи за отчетно и транспарентно работење на Здружението.
Следниве услови се задолжителни за секој кандидат/-ка кој/а аплицира за оваа функција:
- Да биде деловно способно физичко лице со живеалиште или престојувалиште на територија на Република Северна Македонија;
- Да не му/ѝ е изречена мерка забрана за вршење дејност, служба или професија од страна на надлежен орган, или против него/неа се води постапка за злоупотреба на службена положба;
- Да се поминати најмалку 6 месеци од заминување на кандидатот/-ката од позицијата на Претседател/ка или член/-ка на Управниот одбор на организацијата.
Потребно образование и професионално искуство (ЗАДОЛЖИТЕЛНО):
- Диплома за завршено високо образование;
- Најмалку 7 години професионално искуство на раководни функции и менаџмент со работни тимови во областа на човековите права, родовите прашања, социјална политика или јавно здравје;
- Најмалку 5 години искуство во мобилизација на ресурси на национално и меѓународно ниво;
- Напредни познавање на политиките и состојбите во полето на сексуалното и репродуктивното здравје и родовите прашања на национално ниво.
Потребни вештини и способности:
- Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик (пишан и говорен);
- Посветеност и висока сензитивност кон родовата еднаквост, сексуалните и репродуктивните права, недискриминацијата, сексуалната различност и младинското учество;
- Одлично познавање на пакетот на Microsoft Office (Word, Excel и Power Point);
- Солидно познавање на алатки за онлајн комуникација и социјални медиуми;
- Способност да се работи во динамична средина, да се прилагодува на промени и да раководи со промените;
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
- Познавање на аспектите на финансиско менаџирање и контрола;
- Одлични вештини на јавно говорење, пишување и презентација;
- Демонстрира родова-сензитивни вредности.
Предност ќе им се даде на кандидат(к)и со:
- Завршени постдипломски студии во сферата на општествените или хуманистичките науки (социјална работа и политика, психологија, родови студии, антропологија, човекови права, филозофија, јавни политики, јавно здравје и други);
- Најмалку 5 години професионално искуство во здруженија или непрофитни организации;
- Искуство во застапување за унапредување на политики и закони.
Плата
Во зависност од искуството, вкупната месечна бруто плата е од 112.500 до 122.150 денари, со вклучени придонеси за здравствено и пензиско осигурување.
Пријавување
Најдоцна до 26 септември 2023 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Детална биографија на македонски јазик;
- Писмо за мотивација на македонски јазик (не повеќе од 2 страници и со наведување детали за искуството и вештините кои кандидатот/-ката ги поседува и причините за аплицирање. Во писмото со мотивација кандидатот/-ката треба да одговори и на следниве две прашања: На кои два до три програмски приоритети би се посветил/-а најмногу во организацијата во следните години согласно општествениот контекст? и 2. Кои би биле главните акции кои кандидатот/-ката би ги спровел/-а во првата година за да се осигури одржливоста и професионалноста на организацијата?);
- Листа со три имиња (референци) од претходни работодавачи и соработници (да се наведат со полно име и презиме, назив на организацијата, е-пошта и телефонски број за контакт).
Документите со назнака/предмет на пораката Јавен оглас за вработување Извршен/-на директор/-ка треба да се испратат на konkurs@hera.org.mk.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот. Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.