На 17 јуни се случи нашата онлајн национална конференција „Социјалното претприемништво: Иновативен бизнис модел за похумано општество“, како финален настан во проектот „Отвораме можности“, финансиски поддржан од Европската Унија.
Стотина присутни ги проследија онлајн излагањата на нашите говорници кои се осврнаа на националните политии поврзани со социјалното претприемништво како концепт што нуди можности за економско јакнење на маргинализираните, улогата на локалната самоуправа во развојот на социјалните претпријатија, влијанието на пандемијата врз традиционалните бизниси и нивниот потенцијал за трансформација, успешните социјални претпријатија во ЕУ и нивното адаптирање и улога во новата реалнос и искуствата на три граѓански организации кај нас, кои преку основање на социјални бизниси отворија можности за вработување на Ромки.
Од излагањата и дискусиите заклучивме дека потребата од дискусија и конкретна акција е голема, особено во услови на актуелната криза. Проследете ја конференцијата во целост и проценете самите колку ни е потребно социјалното претприемништво: