Пред Вас е петгодишниот Национален план за обезбедување на услуги за сексуално и репродуктивно здравје во доменот на семејната медицина што го подготви работна група за услуги за сексуално и репродуктивно здравје во примарната здравствена заштита, формирана во јуни 2021 година со решение од тогашниот министер за здравство Венко Филипче
Националниот план, во чија подготовка учествуваа претставници од бројни надлежни и компетентни институции, стручни здруженија, граѓански организации и агенции на ООН, предвидува имплементација на услуги за сексуално и репродуктивно здравје во примарна здравствена заштита во периодот од 2022 до 2027 година, како и модел за пресметка и плаќање на услуги за сексуално и репродуктивно здравје.
Работната група беше иницирана преку проектот „Семејните лекари – партнери во процесот на давање на услуги за сексуално и репродуктивно здравје“, финансиран од Japan Trust Fund.
Националниот план е достапен на овој линк.