Жените во Македонија генерално се соочуваат со тешкотии при пристапот до пазарот на трудот. Ситуацијата е уште потешка за жените од маргинализираните групи, особено за Ромките. Тие се изложени на „двојна дискриминација“ – од мнозинското население и од самите ромски заедници, врз основа на етничката припадност и полот, што ги турка на маргините на економското општество.
Според Извештајот на Светската банка од 2019 година, родовиот јаз во учеството во работната сила е сè уште голем, а кај Ромките постојат низа ограничувања што ги прават невработливи и економски зависни.
За да видиме како стојат работите на терен, спроведовме Мониторинг на искористеноста на активните мерки и услуги за вработување од страна на Ромките за 2020 година.
Наодите од него недвосмислено покажуваат дека дури 94 % од вкупниот број регистрирани невработени Ромки се се без образование или имаат основно образование.
Сè уште се забележува ниска искористеност на активните мерки и услуги за вработување од страна на Ромките. Независно што од година во година има тенденција на зголемување на бројот на Ромки како кориснички на активните мерки и услуги, нивниот опфат во активните мерки е многу мал и недоволно придонесува за зголемување на вработеноста на Ромките.
Пристапете до повеќе информации од извршениот мониторинг, тука.