Во име на македонското претседателствување со Ромската декада 2005-2015, Х.Е.Р.А заедно зо Владата на Република Македонија организира меѓународната конференција – “До Подобро здравство за Ромите” .
Конференцијата ќе се одржи на 24-25 јануари 2012 Во Скопје, во Влада на Република Македонија –Дебатна Сала со почеток во 09 часот.
На конференцијата е предвидено да присуствуваат владини и невладини претставници од 11 земји од Декадата вклучувајќи и владини преставници на земјата домаќин како и експерти и претставници на меѓународни и национални невладини организации и фондации.
Главната цел на конференцијата е да овозможи адекватен пристап до примарното здравство на ромското население и подобрување на моделот на РЗМ- Ромските Здравствени Медијатори.
Конференцијата ќе овозможи размена на искуства помеѓу националните засегнати страни од земјите учеснички, за понатамошно стекнување на соодветни здравствени практики и политики , како предуслов за ефективен Пристап до примарната здравствена заштита на Ромското население.
За дополнителни информациите можете да ги посетите веб страниците на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, како и на Ромската декада.