Обраќање на Претседателот и Извршниот директор
Оваа година ја прославуваме 10-годишнината. Пред 10 години Х.Е.Р.А. започна како ХИВ-организација, a денес ХИВ е само дел од нашите стратегиски приоритети во полето на сексуалното и репродуктивното здравје и права. Во мината деценија успеавме да ги зајакнеме нашите капацитети и способности, и да станеме порелевантнo и покритичкo оринетирано здружение за општеството. Агендата заснована на човековите права стана основен принцип во нашите активности, додека правото на избор – наша водечка порака. Денес Х.Е.Р.А. е горда што многу луѓе имаа придобивки од нашите услуги. Врсничката едукација, обезбедувањето на бесплатно тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции, контрацептивните услуги и гинеколошката грижа се наши примарни активности. Градењето партнерство остана наш главен стратегиски пристап, додека застапувањето за сексуални и репродуктивни права, особено сексуално образование и право на абортус, беше поставено високо на агендата. Превенцијата и пристапот до информации можеби се подобрија, но многу од проблемите поврзани со сексуалните и репродуктивните права се сеуште предизвик. Во време кога демократијата е високо вреднувана од страна на сите чинители, не постои изговор за непочитување на сексуалните права и нема простор за стигматизација и дискриминација. Затоа ќе продолжиме да се бориме за да обезбедиме да секој поединец, без оглед на неговиот/нејзиниот пол, род, социјален статус или сексуална ориентација има право слободно да одлучи за неговото/нејзиното тело, живот и сексуално и репродуктивно здравје со цел да ги ужива највисоките стандарди на ментална, физичка и социјална благосостојба. Задоволство ни е да ви го претставиме Годишниот извештај на Х.Е.Р.А. за 2010 кој ги опфаќа сите наши достигнувања во текот на оваа година. Беа имплементирани 20 проекти и повеќе донатори продолжија да не поддржуваат. Горди сме на ова и ќе настојуваме соработката да функционира во корист на луѓето на кои им служиме. Ова е воедно и моментот кога им заблагодаруваме на сите наши волонтери, персоналот, партнерите и донаторите за нивниот допринос и доверба вложени во нас.
Уживајте во читањето!
Претседател Милена Стевановиќ
Извршен директор Бојан Јовановски