ХЕРА објавува јавен оглас за вработување проектен/на асистент/ка за ХИВ сервиси, со фокус на активностите за ХИВ превенција и тестирање меѓу маргинализирани групи (геј мажи и дриги мажи кои имаат секс со мажи, сексуални работнички и корисници на дроги кои инјектираат) и млади.
Опис на ангажман:
Проектниот/та асистент/ка е вклучен во поддршка на реализација на активностите поврзани со сервисите за ХИВ превенција и тестирање меѓу маргинализирани групи и други актовности од програмата за ХИВ. Ова вклучува подготовка и организација на теренот со партнерски организации за спроведување на ХИВ тестирање меѓу маргинализирани групи и млади, секојдневна комуникација со партнерите и тимот на даватели на услуги, организирање на логистика за обуки и настани промотивни активности за теренско ХИВ тестирање, внесување на податоци од тестирањето во електронска дата на податоци и подготовка на извештаи за сервисна статистика, подготовка на налози за исплати и авторски договори и други задачи поврзани со адмиснистративно и логистичко работење во рамките на програмата за ХИВ.
- Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено средно образование
- 2 годишно работно искуство во администрација и логистика на терен
- Сензибилизираност за работа со маргинализирани и ранливи групи на граѓани
- Солидни вештини на информатичка технологија
- Солидно познавања на англискиот јазик
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
- Изградени способности за тимска работа и комуникација
- Државјанство на Република Северна Македонија
- За предност ќе се смета:
- Завршено високо образование
- Проектно работење со ранливи и маргинализирани групи
- Искуство на работа во динамична атмосфера и кратки рокови
- Возачка дозвола: Б категорија
Основната бруто плата е 31.250 денари.
Работното време е 40 часа во работната недела.
Најдоцна до 10 февруари 2020 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- детална биографија на македонски
- писмо за мотивација на македонски јазик до 300 зборови
- потврда за завршено образование
- препорака од претходни работни ангажмани
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот. Во зависност од изборот, организација може да спроведе и тестирање на најдобрите кандидати.
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за проектен/-на асистент/-ка можете да ги доставите на еден од следниве начини:
Електронски: | konkurs@hera.org.mk |
По пошта: |
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување |