Драги пријатели!
ХЕРА прави истражување за воведување тестови за само-тестирање за ХИВ (HIV self-testing).
Целта на истражувањето е да се воведат тестови за само-тестирање за ХИВ, односно тестови со кои луѓето самите ќе можат да го направат тестот за ХИВ, без присуство на други луѓе и да го дознаат својот ХИВ статус (слично на тестовите за бременост или дијабетес). За да видиме кој е најдобриот начин за да се направи достапен ваков тип тестови за ХИВ кај нас, од голема помош ќе ни биде учеството на граѓаните.
Во оваа фаза истражувањето го правиме помеѓу геј или бисексуални мажи. Доколку си геј или бисексуален маж, на возраст од 18-59 години и сакаш доброволно да учествуваш во истражувањето, јави се на телефонскиот контакт 070 297 440, од 09:30 – 16:30 часот секој работен ден, за да закажеме интервју. Анкетата може да ја направиме телефонски, преку Скајп, Вибер или друга он-лајн алатка. За анкетата се потребни околу 20-25 минути, и во неа е вклучено гледање на две кратки видеа за само-тестирање за ХИВ. Не се потребни никакви информации врзани со твојот идентитет (име и презиме, адреса, ниту пак каква било информација по којашто ќе можеш да бидеш идентификуван).
Повикот трае до 19 ноември 2019 година.