Во пресрет на Самитот во Најроби кој се одржува од 12-14 ноември, ХЕРА заедно со повеќе од 350 организации и мрежи од цел свет ја потпиша Глобалната декларација за абортус бидејќи безбедниот абортус е од клучно значење за остварување на заложбите на Меѓународната конференција за население и развој од 1994 година.
Од 12-14 ноември, владите на Кенија и Данска и УНФПА го свикуваат Самитот во Најроби на ICPD25, конференција на високо ниво за мобилизирање на политичката волја и финансиските заложби коишто итно се потребни за конечно и целосно спроведување на Програмата за акција на Меѓународната конференција за население и развој.
Нашата програмска директорка Елизабета Божиноска е членка на делегацијата на Северна Македонија на Самитот.