Во пресрет на Самитот за Меѓународната конференција за население и развој 25 (ИЦПД) кој се одржува од 12 до 14 ноември во Најроби, Кенија, Владата на 164 редовна седница на предлог од Министерство за здравство, ги усвои националните заложби поврзани со Меѓународната конференција за население и развој 25. Целта на овие заложби е да се забрза спроведувањето на Акциската програма на ИЦПД, преку обезбедување сексуалното и репродуктивното здравје и права за сите, оснажување на девојките и жените и родова еднаквост без никој да остане изоставен, осигурувајќи права и избор секому.
Усвојувањето на заложбите доаѓа како резултат од групните напори и широкиот консултативен и партиципативен процес кој му претходеше на Самитот, во којшто активно учествуваше и ХЕРА заедно со претставниците на Владата, Собранието, УНФПА, младите луѓе, граѓанските организации кои работат на унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и ХИВ и социјална инклузија на ранливите групи.
Како организација која долги години активно работи на унапредувањето на сексуалното и репродуктивното здравје, права и писменост за сите, особено се радуваме што во фокусот на државните здравствени и образовни политики се ставаат пристапот до контрацептивната и абортусната грижа и воведувањето сеопфатно сексуално образование.
Усвоените заложби од страна Република Северна Македонија можете да ги прочитате тука.