Оливера Стојковска

Оливера Стојковска

Оливера Стојковска

Оливера Стојковска се придружува во тимот на ХЕРА во март 2020 година како координаторка на проектот „Ромките застапуваат за еднакви можности при вработување“, поддржан од шведската фондација „Квина тил Квина“.

Дипломира на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Факултетот за јавна администрација и политички науки во 2012 година.

По завршувањето на студиите, преку волонтерски ангажман започнува лично и професионално да се развива во граѓанскиот сектор. Во 2013 година започнува да ја гради својата кариера преку административно раководење на проекти и програми во невладината организација Асоцијација за демократски развој на Ромите „Сонце“ – Тетово, каде што останува да работи повеќе од седум години.

Нејзиното искуство опфаќа програмско работење, административно и финансиско менаџирање на проекти и програми за решавање на ромското прашање, финансирани од различни меѓународни донатори.

Нејзините интереси вклучуваат унапредување и користење на правата на маргинализираните групи, со акцент на ромската заедница, при што сака да даде свој придонес во градењето на општество каде што ќе се почитуваат човековите права и ќе има еднакви можности за сите.