Анализа на застапеноста на жените на високи раководни позиции во Република Северна Македонија – Утврдени трендови и предизвици во последните десет години и препораки за иднина
Оваа анализа се однесува на застапеноста и учеството на жените на раководни позиции на повеќе нивоа на општествено управување во изминатата деценија и го опфаќа периодот од 2014 до 2024 година. Таа ја анализира распределбата на раководните позиции меѓу жените и мажите во државната и во јавната администрација, вклучувајќи го учеството во извршната власт меѓу членовите на Владата и во ресорните министерства, како и состојбите во институциите кои се дел од администрацијата на централно и на локално ниво и во јавниот сектор. Анализата опфаќа следење на состојбата во последните десет години, за да даде приказ на актуелните состојби и да го проследи трендот на подобрување низ годините, доколку го има.
Во текот на изминатата деценија, различни политички структури влијаеја врз учеството на жените на високи раководни позиции, барајќи фокусиран пристап за подобрување на нивната вклученост. Сепак, актуелната поделба на власта и управувањето е сѐ уште далеку од постигнување на целосен родов паритет, како сооднос на поделеноста на раководни функции меѓу жените и мажите за овој важен индикатор, кој ќе им овозможи на жените еднакво учество во власта, еднаков пристап во процесите на одлучување и еднаква распределба на моќта во општеството.
Анализата е достапна на македонски, албански и англиски јазик.
Дополнително, информативниот пакет од оваа анализа – Каде се жените на управувачки позиции во извршната власт и администрацијата? е достапна на македонски, албански и англиски јазик


