Скратениот медиумски простор кој обработума теми поврзани со младинските прашања и генералната состојба со младите во Македонија, пред се, средношколците и студентите беше повод, пред точно две години, младинската група на ХЕРА во соработка со Радио МОФ да изготвуват една поинаква програмска емисија која ќе се емитува секоја втора среда. Приказната на „Секси маало“ всушност е продолжување на концептот на списанието кое што пред повеќе години се реализираше од страна на младите волонтери во ХЕРА, а кое се дистрибуираше во средните училишта. Името се презема од списанието, темата и фокусот остана иста, се смени само медиумот. Слоганот на емисијата „Секси маало“ е “емисија која длабоко пенетрира во нашите табуа”. Емисиите се напревени од младите во ХЕРА кои дискутираат на темите поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје и права, стигмата и табуата, правата на жените, абортус, ХИВ/ СИДА, говорот на омраза, човековите и сексуалните права како главна преокупација, психичкото и физичкото здравје и благосостоја и вклучување на младата популација во процесот на донесување на одлуки. Понатаму , емисијата се стреми да информира, но и да поттикне дијалог и учество меѓу младите за нормите поврзани со сексуалноста кои често предизвикуваат насилство, хемофобија и нерамноправност, но и кои можат да се поврзат и со праксите ризични по сексуалното и репродуктивното здравје.
Тимот на „Секси маало“ кој што брои пет члена, во своето двегодишно постоење, во реализираните три сезони, изготви 35 емисии каде учествуваа и беа интервјуирани многу гости и претставници на организации. Оваа емисија секогаш се обидува актуелните случувања во нашето општество да ги пренесе преку призмата на младите, но уште поважно секогаш поткрепени со факти.
Роденденската емисија на „Секси маало“ ќе се емитува во стандардниот термин, денес во 12 часот и 15 минути на Радио МОФ, а може да се следи на следниот линк http://www.radiomof.mk/player/player.html
Тимот на „Секси маало“ им се заблагодарува на сите кои што во изминатите две години беа дел од оваа емисија и дадоа свој придонес со своите гостувања, а особено на целиот тим на Радио МОФ кој што овозможи техничко реализирање на оваа емисија. Истовремено се надеваме дека во иднина младите во Македонија ќе имаат многу повеќе простор и во медиумите, но и во општеството да дискутираат за ним важните теми, теми поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје и права. Затоа што како што вели и нашето мото, ако не пенетрираме длабоко во табуата тие никогаш нема да се променат.
Сите емисии може да се преслушаат на каналот на Mixcloud https://x.mixcloud.com/seksi_maalo/