Имајќи ја предвид загрижувачката состојба со здравјето и добросостојбата на младите во Македонија, 15 стручни здруженија и граѓански организации ја потпишаа Декларацијата „Со сексуално образование во училиштата до поздрава и побезбедна младина“.
Со неа бараат од Влада на Република Северна Македонија и од Министерство за образование и наука, согласно дадените политички заложби и надлежности, да осигурат дека секое дете во државата ќе може да го ужива своето право на сеопфатно сексуално образование и да стекне вистински знаења, ставови и вештини за заштита на своето здравје, благосостојба и достоинство.
Декларацијата беше претставена на истоимената конференција каде што за воведување на сеопфатното сексуално образование во училиштата зборуваа и дискутираа 50-на претставници од стручните здруженија, надлежните здравствени институции, претставници на амбасади и релевантни граѓански здруженија
Видеоснимка од обраќањата на Бојан Јовановски, извршен директор на ХЕРА, г. Дирк Јан Коп, амбасадор на Кралството Холандија во земјава и г. Иго Бештел, советник за соработка и културни прашања при Француската амбасада:
Видеоснимка од излагањата на претставниците на стручните здруженија – потписници на Декларацијата за #ССОнаКлупа: проф. д-р Катарина Ставриќ од Институтот за семејна медицина при Медицинскиот факултет – Скопје, проф. д-р Глигор Тофоски од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари, прим. д-р Славица Гајдаѕис и Наташа Павиќевиќ Стојменовска од Здружението на социјалните работници:
Видеоснимка од излагањата на пратеничките Маја Морачанин (ДОМ), Санела Шкријељ (СДСМ), Њомза Шаќири (Алијанса за Албанците), Моника Зајкова (ЛДП) и Арбана Пашоли (ДУИ):