Оваа брошура е наменета за сите даватели на услуги (здравствени работници, социјални работници, психолози, полиција), хуманитарни организации и волонтери кои се вклучени во справувањето со хуманитарни кризи.
Целта е да се информираат давателите на услуги како да се препознае сексуалното и родово насилство, кои се различните типови на насилство, како да им се пристапи на жртвите, и најважно-како да им се помогне.
Брошурата е достапна на македонски, албански и англиски јазик.
Оваа брошура е подготвена во соработка со работната група за подготвка на стандардна опреративна процедура за родово базирано насилство во кризни состојби, со поддршка на канцеларијата на УНФПА во Скопје.
Година на издавање: 2016