31.07.2018

Барање за прибирање понуди за изработка и дизајн на двојазична веб-страница

Во рамки на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање на политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби“ што ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување го спроведува со поддршка од УНФПА, предвидени се средства за изработка и дизајн на двојазична веб-страница за Минималниот основен пакет на услуги (MISP) за сексуално и репродуктивно здравје во кризни и хуманитарни состојби, како и за обезбедување на домен и хостинг на веб-страницата во период од три години по нејзиното започнување со работа.

Ве покануваме да ни ги доставите вашите понуди најдоцна до 10.08.2018 година до 16.00 часот по електронски пат на konkurs@hera.org.mk и по пошта нa: ХЕРА, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје.

Во делот на техничките спецификации се обезбедени информации и детали за поедноставно осмислување на понудите.


Инструкции за понудувачите

  1. Договорен орган

Договорен орган е ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување со адреса на ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/2390 395, факс 02/2556 002.

Лице за контакт кај договорниот орган е Милош Стојановиќ, телефон 02/3292-395, факс 2556-002, електронска адреса milos.stojanovik@hera.org.mk.

  1. Предмет на договорите за набавка

Предмет на договорот за набавка е изработка и дизајн на двојазична веб-страница за Минималниот основен пакет на услуги (MISP) за сексуално и репродуктивно здравје во кризни и хуманитарни состојби, како и за обезбедување на домен и хостинг на веб-страницата во период од три години по нејзиното започнување со работа.

Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа документација.

  1. Начин на испорака/ извршување на услугата

Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача на поштенската адреса ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје и по електронски пат на konkurs@hera.org.mk 

  1. Рок на испорака/ за извршување на услугата

Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот до 30.09.2018 година, како и да го обезбеди неговото целосно функционирање најдоцна до 30.10.2018 година.

  1. Начин на плаќање

Плаќањето ќе се изврши по предавањето на готовиот продукт. Проектот е ослободен од плаќање на ДДВ по решение број 11-6/81-1 издадено од Секретаријатот за европски прашања од 07.02.2018 година.

  1. Право на учество

6.1. Право да достави понуда има секое заинтересирано правно и физичко лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка.

6.2. Економскиот оператор во рамки на истата постапка за доделување на договор за набавка може да учествува само во една понуда за еден предмет од набавката. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:

  • учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
  • учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.

6.3. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорите.

  1. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите

За да учествуваат во постапката за доделување на договорите, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:

7.1. Лична состојба

  • во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
  • на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за набавка и договори за јавно приватно партнерство;
  • на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
  • понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
  • понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други давачки; освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќa;
  • на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
  • понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.

7.2. Способност за вршење на професионална дејност

Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

7.3. Техничка или професионална способност

Критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот се: креирање на веб страни, портали, платформи во областа на здравството, социјалната заштита, како и работа на веб-страници на невладини организации.

  1. Начин на докажување на способноста на понудувачот

Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба, професионалната дејност и професионалната способност со изјава која ја доставува во прилог (Прилог 2) на својата понуда и со поднесување на биографија на компанијата (Прилог 3). 

  1. Изготвување и поднесување на понудите

9.1. Понудата/ите се изготвува/ат во согласност со условите предвидени во тендерската документација во електронска форма и печатена форма, со користење на обрасците дадени во прилог.

9.2. Елементи на понудата/ите

Секоја понудата треба да е составена од следниве елементи:

  • Образец на понуда (Прилог 1),
  • Документ за регистрирана дејност
  • Изјава (Прилог 2)
  • Биографија/портфолио на компанија со истакнати работни ангажмани за креирање на веб-страници, портали, платформи во областа на здравтсвтво, социјална заштита, како и работа на веб-страници на невладини организации (Прилог 3)

9.3. Јазик на понудата

Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо.

9.4. Период на важност на понудата/ите

Периодот на важност на секоја понуда ќе изнесува 30 работни денови од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите/ на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот.

9.5. Цена на понудата

Цената на понудата се пишува со бројки и букви.

9.06. Валута на понудата

Цената на понудата се изразува во денари.

  1. Затворање и обележување на понудите

 10.1. Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.

Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:

  • е адресиран на точната адреса на договорниот орган,
  • во горниот лев агол стои ознака „НЕ ОТВОРАЈ“
НЕ ОТВОРАЈ“  За оглас: Изработка на веб-страница за МИСП за СРЗ во кризи

 

ХЕРА
Франклин Рузвелт 51а/26
1000 Скопје

10.2 Краен рок и место за поднесување на понудите

  • Краен рок за поднесување на понудите е 10 август 2018 година до 16.00 часот.

Понудите се поднесуваат на електронски на konkurs@hera.org.mk и по пошта на ХЕРА, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје.

10.3. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена.

  1. Критериум за доделување на договорот/ите

11.1 Критериум за доделување на договорот за набавка е економската поволност на понудата.

За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.

11.2 Како елементи на критериумот економски најповолна понуда за дизајн на двојазична веб-страница и обезбедување на домен и хостинг за три години ќе се земат:

  • цената                                                                           60 бодови
  • креативното решение (квалитет)                         40 бодови
  1. Информации од доверлив карактер

12.1. Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде што по сила на закон договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи.

12.2. Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.

12.3. Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.

  1. Известување за доделување на договорот/ите за набавка

13.1. По завршувањето на изборот до сите учесници автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици.

13.2. Избраните најповолни економски оператори ќе биде известени во електронска форма дека нивната понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда.

  1. Технички спецификации

Предметот на набавката не е делив:

  • Изработка и дизајн на двојазична веб-страница за Минималниот основен пакет на услуги (MISP) за сексуално и репродуктивно здравје во кризни и хуманитарни состојби
  • Обезбедување на домен и хостинг на веб-страницата во период од три години по започнување со работа на веб-страницата


Изработка и дизајн на двојазична веб-страница за Минималниот основен пакет на услуги (MISP) за сексуално и репродуктивно здравје во кризни состојби

Како дел од проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање на политики за сексуално-репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби“ е предвидено интегрирање на Минималниот основен пакет на услуги (MISP) за сексуално и репродуктивно здравје во кризни состојби. Помеѓу другото, дел од годишниот план е развивање на “MISP One-Stop Shop” како веб-платформа со ресурси за сексуално и репродуктивно здравје и родовобазирано насилство во кризни и хуманитарни состојби.

Веб-страницата ќе содржи податоци за Минималниот основен пакет на услуги и за досегашните напори на ХЕРА, УНФПА и Министерството за здравство за негово интегрирање во Македонија, како и потребните документи за неговата интеграција (Стратегија и Акциски план за СРЗ во кризи). Понатаму, на веб-страницата ќе бидат објавени сите релевантни ресурси за сексуалното и репродуктивното здравје и за родовобазираното насилство во кризни и хуманитарни состојби, но и податоци за МИСП и материјали за обуките за МИСП. Веб-страницата е изработена по модел на веб-страницата на IAWG (Inter-agency Working Group) on Reproductive Health in Crises.

Повеќе информации: IAWG (Inter-agency Working Group) on Reproductive Health in Crises: http://iawg.net/

Обезбедување на домен и хостинг на веб-страницата во период од три години по започнување со работа на веб-страницата

Веб-страницата ќе користи посебен назив на домен, а со цел нејзино непречено функционирање, потребно е обезбедување на хостинг за три години и https безбедносен сертификат. Името на домен, хостингот за три години и безбедносниот сертификат се интегрален дел од предметот на набавката.

Позадина:

  • Кризите и хуманитарни состојби се сè почеста појава во светот. Во 2015 година, повеќе од 65 милиони луѓе биле раселени поради воен конфликт, прогонување, насилство и повреди на човековите права, а повеќе од 19 милиони луѓе биле раселени поради природни катастрофи;
  • Во услови на криза, многу е важно да се обезбедат основните човекови права на најзасегнатите лица, вклучително и правото на сексуално и репродуктивно здравје и заштита од родово-базирано насилство;
  • Идејата на минималниот основен пакет на услуги за сексуално и репродуктивно здравје во криза е да се овозможат овие услуги на жените, мажите и адолесцентите кои се засегнати од кризната состојба на начин кој нема да ги загрозува нивните права;
  • Кризите често се ненадејни и непредвидливи, поради што потребно е да постои постојана база на ресурси за справување со истите, кои ќе им бидат достапни на здравствените работници и на надлежните државни органи во секој момент;
  • Во услови на дигитално општество, постојаната достапност на релевантните ресурси најсеопфатно може да се обезбеди преку создавање и одржување на веб-платформа која ќе ги содржи сите ресурси;
  • Веб-платформата е лоцирана на независен домен, до кој постои линк од неколку често посетувани веб-страници, како би се зголемила достапноста на истата; постојаноста на веб-страницата ја гарантира постојаното хостирање на истата во почетен период од три години.

Целна група:

Општа популација и професионалци, меѓу кои здравствени работници, психолози, социјални работници, претставници на Министерство за здравство и останати државни институции за управување со кризи, заштита и спасување, вработени во локалната самоуправа, претставници на невладини организации и на меѓународни организации и други.

Пристап

Да се стават на располагање потребните ресурси за давање на минимални основни услуги за сексуално и репродуктивно здравје и родово-базирано насилство во услови на кризни и хуманитарни состојби, како и да се нагласи потребата од нудење на основните услуги во услови на криза.

Временска рамка:

Економскиот оператор треба да се води од следнава временска рамка:

ВРЕМЕНСКА РАМКА
АКТИВНОСТ МЕСЕЦ
Предлог-дизајн и функционалност на веб-страницата 25 август- 05 септември
Изработка и дизајн на веб-страницата 15 септември- 15 октомври
Целосна функционалност на веб-страницата со обезбеден домен, хостинг и безбедносен сертификат 15-30 октомври

Буџет

Економскиот оператор треба да достави листа со поединечни цени без ДДВ за секое одделно идејно решение понудено во соодветниот дел од предметот на набавка (за деловите од 1-5). Буџетот треба да се прикаже без ДДВ.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Прирачник за сензибилизација на семејни лекари за СРЗ на лицата со попреченост

Прирачникот за сензибилизација на здравствените работници (семејните лекари) го изготвија д-р Катерина Станкова Нинова, д-р Зоран Стојановски и Весна Матевска со цел да ја подотворат вратата за исклучително спефицична тема – сексуалноста на лицата со попреченост.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за изработка и емитување на видеоспот

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, го спроведува проектот „Собранието и локалната самоуправа во унапредувањето на правата на ЛГБТ луѓето“. Во рамки на овој проект се предвидени активности за зголемување на свеста на јавноста за намалување на дискриминацијата и насилството врз ЛГБТ лицата во Македонија преку реализација на […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.