ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за ангажирање преведувач/ка за потребите на проектот „Креирање влијателен наратив и мобилизирање за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и сексуалните права“, поддржан од Меѓународната федерација за планирано родителство (МФПР).
ОПИС НА АНГАЖМАНОТ
Преведувачот/чката се ангажира за превод и адаптација на прирачник од областа на сексуалното и репродуктивното здравје и сексуалните права, од англиски на македонски јазик.
Прирачникот брои 85 страници, а предвидениот надомест изнесува 600 денари/страница (бруто износ). Рокот за доставување на преведениот и адаптиран прирачник до ХЕРА е 20 септември 2018 година.
ПРОФИЛ И ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Заинтересираните кандидат(к)и треба да ги исполнуваат следните услови:
- Најмалку тригодишно искуство во преведување книжевни дела;
- Искуство во креирање кованици, играње со зборови, изнаоѓање креативни решенија и вешто адаптирање на странски зборови на македонски јазик;
- Подготвеност за тимска работа (консултирање со тимот на ХЕРА);
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Најдоцна до 12 август 2018 година (недела), заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Кратка биографија (по можност со наведени наслови на преведени дела)
- Извадок од преведен текст од англиски на македонски јазик во должина од 500 до 600 зборови (заедно со оригиналниот текст на англиски јазик)
- Една препорака од претходните преведувачки ангажмани
Документите со назнака Повик за преведувач/ка треба да се достават:
- Електронски на konkurs@hera.org.mk или
- По пошта на: ХЕРА, ул. „Франклин Рузвелт“ бр. 51а/26, 1000 Скопје
Пријавените кандидат(к)и ќе бидат известени за резултатите од повикот по електронски пат.