ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за вработување проектен/-на координатор/-ка определено време на проектот „Промена на негативниот наратив кон Ромите во здравствените установи“, поддржан од Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија за периодот септември – декември 2018 година, со можност за продолжување.
Опис на работната позиција:
Вработеното лице ќе биде одговорно за целосното програмско и административно спроведување на активностите од проектот, вклучително и уредување, развој на содржини и комуникација преку медиумската платформа на проектот (веб-страница и профил на „Фејсбук“). Ќе организира форум-театри за студент(к)и по медицина, акредитирани обуки за здравствени работници и културни настани за унапредување на наративот кон Ромите (филмски вечери, работилница за раскажување приказни). Вработеното лице ќе воспоставува партнерства и ќе ја унапредува соработката со здравствени институции, здруженија/комори на здравствени работници, медицински образовни институции и граѓански здруженија и институции кои работат на унапредување на здравјето на Ромите.
Кандидат(к)ите треба да имаат:
- Завршено високо образование
- Најмалку 1 година работно искуство во граѓански сектор и во раководење проекти
- Одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик
- Изградени вештини за логистика и за спроведување административни задачи
- Солидно познавање на политиките и програмите од областа на здравството, социјалната заштита и образованието наменети за ромско население
- Основни вештини за уредување, развој на содржини и комуникација преку нови и традиционални медиуми
- Изградени способности за тимска работа и за комуникација
- Основни познавања на работа со компјутери (Microsoft Office)
Предност ќе имаат кандидат(к)ите со:
- Искуство во подготовка и спроведување политики и проекти од областа на здравството, социјалната заштита и образованието наменети за ромско население
- Искуство во комуникација и работа/соработка со здравствени институции и здравствени работници и соработници
- Искуство во уредување, развој на содржини и комуникација со нови и традиционални медиуми
Најдоцна до 16 септември 2018 година (недела), до 19.00 часот, заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Кратка биографија на македонски јазик
- Писмо за мотивација на македонски јазик
- Електронска (скенирана) копија од диплома за завршено високо образование
- Една препорака од претходните работни ангажмани
Ве молиме во пријавата да наведете и телефон и e- адреса за контакт.
Работниот ангажман се однесува на период од 4 месеци со полно работно време од 40 работни часа неделно со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Предвидената плата изнесува 31.715 денари во бруто износ.
Кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за проектен/–на координатор/–ка можете да ги доставите на следниов начин:
Електронски: | konkurs@hera.org.mk |
По пошта: | ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје |
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми, ќе бидат повикани на интервју во рок од 7 дена по завршувањето на конкурсот.