ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање социјален/на работник/чка во Младинскиот центар „Сакам да знам“ во Шуто Оризари за периодот август – декември 2018 година.
Кандидат(к)ите треба да имаат:
- Диплома за социјален/на работник/чка
- Основни познавања на работа со компјутери (Microsoft office)
- Минимум едногодишно искуство во работа со маргинализирани заедници
- Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик
- Изградени способности за тимска работа и комуникација
- Државјанство на Република Македонија
Предност ќе имаат кандидат(к)ите со:
- Искуство во работа со маргинализирани групи (мажи што имаат секс со мажи, лица кои инјектираат, сексуални работници/чки)
- Искуство во теренска социјална работа
- Искуство во работа со Роми
Најдоцна до 8 август 2018 година (среда) до 17.00 часот заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Електронска (скенирана) копија од диплома за завршено високо образование
- Кратка биографија
- Писмо за мотивација
- Една препорака од претходните ангажмани како социјален работник/чка
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и е-пошта за контакт.
Работниот ангажман се однесува за период од 5 месеци со полно работно време од 35 работни часа неделно со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Предвидената плата изнесува 29.700,00 денари во бруто (односно, 20.266,00 денари во нето).
Кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за социјален/на работник/чка можете да ги доставите на следниов начин:
Електронски: | konkurs@hera.org.mk |
По пошта: | ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување ул. Франклин Рузвелт 51а/26, 1000 Скопје |
Пријавените кандидат(к)и кои најдобро одговараат на критериумите дадени погоре ќе бидат повикани на интервју во рок од 5 работни дена од завршувањето на огласот.