ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување за потребите на проектот „Отвораме можности“, поддржан од Европската Комисија во рамки на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017, објавува конкурс за работен ангажман на 2 работни позиции за периодот јануари – јули 2020:
- Координатор/–ка на проект
1.1 Опис на работната позиција, задачи и услови:
Координаторката/-от ќе ги координира административните и логистичките аспекти во имплементацијата на проектот. Координаторката/-от ќе биде одговорен/-на за развој и спроведувањето на активности во рамки на проектот и од комуникациската и маркетинг стратегија која се однесува на зголемување на свеста и промоција на социјалното претприемништво и социјалните претпријатија пред клиентите. Дополнително, ќе подготвува извештаи и ќе обезбедува средства за верификација од спроведувањето на активностите.
Работниот ангажман е во период јануари – јули 2020, со осумчасовно работно време и 21 ден за одмор. Предвидената плата во БРУТО износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 800 евра во денарска противвредност.
1.2 Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
– Диплома за завршено високо образование од општествените науки;
– Најмалку три годишно работно искуство во спроведување на проекти;
– Едногодишно работно искуство во раководење на проект поддржан од Европската комисија (нема да се земат предвид консултантски позиции);
– Искуство во соработка со медиуми и организирање на промотивни активности;
– Напредно користење на социјални медиуми за маркетинг промоција;
– Изградени вештини за информатичка технологија;
– Одлични познавања на македонски и англиски јазик;
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи и тимска работа;
– Државјанство на Република Македонија.
За предност ќе се смета:
– Работно искуство во граѓанскиот сектор;
– Работно искуство во проекти за унапредување на правата за ромската заедница во Македонија;
– Посетени или искуство во спроведени обуки од областа на социјална инклузија и вработување и познавање на концептот на социјално претприемништво.
- Финансиски/-а асистент/-ка
2.1 Опис на работната позиција, задачи и услови:
Финансискиот/-ката асистент/-ка ќе биде одговорен/-на за водење на финансиските и административните работи на проектот. Ова вклучува водење на тековната финансиска состојба, подготовка на налози за исплата и договори, подготовка на финансиски извештаи, подготовка на тендери за набавка на материјали и услуги, според воспоставените правила за финансиско и административно работење на проектот.
Работниот ангажман е во периодот јануари – јули 2020, со осумчасовно работно време и 21 ден за одмор. Предвидената плата во БРУТО износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 700 евра во денарска противвредност.
2.2 Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Диплома за завршено високо образование
- Најмалку двегодишно работно искуство во финансиско и административно раководење на проекти поддржани од Европската Комисија
- Одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик
- Изградени вештини за информатичка технологија
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
- Државјанство на Република Македонија
За предност ќе се смета:
- Сензибилизираност за работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на граѓани
- Познавање на концептот на социјално претприемништво
Најдоцна до 20 декември 2019 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- детална биографија на македонски јазик
- писмо за мотивација на македонски јазик
- За позиција 1: Координатор/-ка на проект потврда/препорака од претходен работодавач за едногодишно работно искуство во раководење на проект поддржан од Европската комисија
- За позиција 2: Финансиски асистент/-ка потврда/препорака од претходен работодавач за двегодишно искуство во финансиско и административно раководење на проекти поддржани од Европската Комисија
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот.
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за координатор/–ка на проект или Конкурс за финансиски/-ка асистент/-ка можете да ги доставите на следниов начин:
Електронски: konkurs@hera.org.mk
По пошта: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ул. Франклин Рузвелт 51а/26, 1000 Скопје