Во рамки на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), ХЕРА објавува повик за врснички едукатор(к)и. Сите учесници кои ќе ја поминат акредитацијата, ќе станат сертифицирани едукатор(к)и на ХЕРА и ќе имаат можност да спроведуваат едукации на млади во текот на 2018 година.
Обуката опфаќа:
– Дел I: тридневна обука за теориско запознавање со седумте компоненти на ССО: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност. Обуката ќе се одржи од 9 до 11 март во Скопје.
– Дел II: тридневна обука за спроведување работилници и процес на акредитација на врсничките едукатори. Овој дел ќе се одржи надвор од Скопје од 23 до 25 март.
Ги покануваме да се пријават сите млади кои се:
- на возраст од 17 до 22 години
- мотивирани да водат работилници за едукација на врсници
- имаат основни познавања за сексуалното и репродуктивното здравје и права
- сакаат да работат во тим и знаат да исполнуваат задачи навреме
Пожелно е, но не е задолжително и да се:
- активисти
- со волонтерско искуство во организации кои работат во полето на човековите права
- студент(к)и на институтите за род, психологија, филозофија, социјална работа, Медицински факултет, Правен факултет и слично
Најдоцна до 4 март (недела), заинтересираните треба да испратат:
- Кратка биографија
- Пополнета пријава
Бројот на учесници е ограничен, а средствата за учество се покриени од страна на ХЕРА.
Сите кандидат(к)и кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете и телефон и е-пошта за контакт.
Документите со назнака/предмет на пораката повик за обука на врснички едукатори можете да ги доставите електронски на seksualnoobrazovanie@hera.org.mk или по пошта на адреса „Франклин Рузвелт“ 51a/26, 1000 Скопје, Македонија со назнака повик за обука на врснички едукатори.