Деновиве, нашата програмска директорка Елизабета Божиноска учествува на Регионалната конференција на граѓански организации во Женева, каде се одбележува 25 годишен јубилеј од создавање на Пекиншката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост.
Вкупно 48 граѓански организации меѓу кои и ХЕРА, потпишаа Изјава во која главниот заклучок е дека сѐ уште сме далеку од остварувањата на целите на Пекиншката декларација, а со тоа и воспоставување на родова еднаквост во светот. Со оваа Изјава се апелира до сите влади потписнички на Декларацијата да се заложат сериозно за унапредување во неколку клучни области.
Една од тие области е онаа која ја потенцира нужноста за прогрес во областа на сексуалното здравје и права, кој налага пристапноста и достапноста на СРЗП да стане мејнстрим во регионот, со пристап кој е научен, базиран на докази, стандардизиран и одговора на возраста. Законите за абортус да бидат усогласени со стандардите за човекови права што ги прави безбедни и легални, а засегнатите жени да бидат ослободени од сите стигми и дискриминација во врска со нивниот избор околу нивната сексуалност. Покрај тоа, државите треба да обезбедат целосен опсег на здравствени услуги за сите жени, вклучително и оние кои се сексуални работнички, кои се доверливи, безусловни, ослободени од насилство, стигма и дискриминација, и кои одговараат и ги препознаваат нивните различни идентитети, искуства, работни услови и потреби.
Целосната изјава на граѓанските организации на англиски јазик можете да ја преземете тука.