Стратешка цел: Да се одржи ниска преваленца на ХИВ и обезбеди целосна заштита на лицата што живеат со ХИВ или се засегнати од ХИВ
Тековни активности:
- Обезбедување услуги за добролно и доверливо советување и ХИВ тестирање (ДСТ) помеѓу преку две мобилни единици во 11 градови низ Македонија во партнерство со 13 здруженија на граѓани и 9 здравствени институции во државата за ранливи и тешкодостапни групи (млада популација, мажи кои имаат секс со мажи, лица кои инјектираат дрога, сексуални работници, затвореници и останати популации кои имаат потреба од оваа услуга).
- Спроведување на годишни кампањи за зголемување на свеста за ХИВ тестирање на населението во Македонија.
- Спроведување на обуки за градење на капацитетите на здруженијата на граѓани, здравствените институции, образовните и социјалните институции, носителите на одлуки на локално и национално ниво за превенција од ХИВ, ХИВ тестирање и советување, поврзување на Сексуално и репродуктивното здравје и права и ХИВ.
- Спроведување на проценки и истражувања помеѓу вулнерабилни групи и групи од особен ризик од ХИВ и лица што живеат со ХИВ.
- Активно учество во изготвување, спроведување и следење на политики, програми и сервиси за ХИВ на национално ниво.
Резултати:
- Две оперативни мобилни клиники за бесплатно и брзо тестирање за ХИВ и Хепатитис Ц во 11 града (линк брошура и налепница за ХИВ тестирање)
- Акредитирани 57 лица од 14 здруженија на граѓани за работат како советувачи за доброволно и доверливо советување и ХИВ тестирање
- Околу 58% до 65% од вкупниот број на ХИВ тестови на годишно ниво направени во 14 центри за ДСТ, се прават во рамките на мобилните клиники на ХЕРА
- Изготвен Прирачник за доброволно советување и ХИВ тестирање (линк до водичот)
- Спроведени 6 годишни кампањи со слоганот „Некои работи стануваат секојдневие направи ХИВ тест” за подигнување на свеста за ХИВ тестирањето помеѓу населението во Македонија (линк до постерот со слоганот, ако воопшто го имаме)
- Спроведена првата Проценка на потребите на лицата што живеат со ХИВ во Република Македонија во 2009 година. (линк до проценката помеѓу ЛЖХИВ)
- Во мај 2012 беше формирана Првата меѓупартиска парламентарна група за ХИВ чија што цел е унапредување на состојбите на ХИВ и сексуалното и репродуктивното здравје. Во групата членуваат вкупно 10 пратеници од 6 политички партии од Собранието на Република Македонија и на 23. мај 2012 групата стана членка на Европскиот парламентарен форум за население и развој.
Партнери:
- Глобален фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија
- 13 здруженија на граѓани од 11 градови (ЕГАЛ, Доверба, ХОПС, ВИА ВИТА, Избор, Опција Охрид, Црвен крст Прилеп, Црвен крст Велес, Зона Кавадарци, Младински клуб, Пулс, Центар за развој за унапредување и развој на јавниот живот, ХЕЛП.
- Институт за јавно здравје и 8 центри за јавно здравје центар ( Куманово, Прилеп, Охрид, Битола, Гостивар, Велес, Тетово и Штип ).
- Национален демократски институт (НДИ)
- Канцеларија на здружена програма за СИДА на Обединетите нации ( УНАИДС)
- Меѓународна федерација за родителско планираење (МФПР)
Одговорно лице: Елизабета Божиноска