Дали одлучуваш што да правиш со своето тело? Дали да забремениш или не? Кого сакаш и како? Шокантно, но на многу жени и мажи во светот, но и кај нас, овие основни права им се порекнуваат од страна на владите или поради традицијата.
И додека ова е трагедија за нив, исто така ова е трагедија и за нивните заедници и земји затоа што порекнувањето на правото на жените и девојките да одлучуваат за клучните работи ја остава целата заедница во економска замка.
Ние не можеме да се бориме против сиромаштијата без да се заштитат сексуалното и репродуктивното здравје и права, затоа ние бараме да ја подржите кампањата „Јас одлучувам“. Додека светските лидери одлучуваат за тоа што ќе ги замени Милениумските развојни цели, ние треба да бидеме сигурни дека сексуалното и репродуктивното здравје и права ќе заземат централно место во овие нови цели.
Ние целиме да собереме еден милион потписи кои што ќе му бидат предадени на Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун во средината на 2015-та година. Потпишете ја оваа петиција тука и со тоа направете промена за милиони жени, мажи и деца во целиот свет.