Весна Петрушевска, Синоличка Трпкова, Ирена Ристиќ, Борјан Јовановски, Нора Шаќири, Огнен Јанески, Петрит Сарачини, Богдан Илиевски (Бетмен велит), Дарко Лешоски, Маја Вукичевиќ, Владимир Блажев (ди-џеј Панчо Шорти) и Рената Кралевска застанаа во поддршка на ЛГБТ заедницата и порачаа НЕ на хомофобијата и трансфобијата.
Јавната и медиумската кампања „Кажи НЕ на хомофобијата и трансфобијата“ е проектна активност на Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата, која има за цел да го поттикне граѓанскиот ЛГБТИ активизам и учество во борбата против хомофобијата и трансфобијата, да ја зголеми солидарноста и поддршката на ЛГБТИ лицата во борбата за нивните права, и да ги мобилизира медиумите, граѓанските здруженија и граѓанското општество во пошироката кампања за човекови права.
Граѓанските организации се гледаат себе си повеќе во улога на јавни едукатори. Информациите се, секако, првиот чекор во подигнувањето на јавната свест, но за чекор потаму е потребно инволвирањето на медиумите и нивното влијание на креирањето на јавното мислење и поттикнувањето дебата.