Х.Е.Р.А. во соработка со Македонската опера и балет на 1-ви декември, Светскиот ден на борба против СИДА-та, организира хуманитарен концерт. Овој концерт се организира под слоганот „ХИВ не засега сите! Тестирај се за ХИВ! Поддржи ги лицата кои што живеат со ХИВ!.
Сите донирани средства, преку продажба на картите за овој концерт ќе бидат наменети за лицата кои што живеат со ХИВ:
обезбедување на тестови за следење на ХИВ инфекцијата и други медицински материјали неопходни за третманот на ХИВ, кои недостасуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје
обезбедување на материјална социјална помош во вид на пакети од основни производи за храна и хигиена на лицата со ХИВ што живеат под линијата на сиромаштијата (во текот на 2012 година)
Овој концерт е поддржан од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, а партнери се УНАИДС,Акцент Медиа, Нова Македонија, Метрополис радио мрежа.
Програмата за концертот можете да ја преземете тука.
ДОКОЛКУ И ВИЕ САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ КОНЦЕРТ И ДА ДОНИРАТЕ, ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ КАРТИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРЕЗЕМЕТЕ ТУКА.