Ако во претходната година или сега си во ситуација административните бариери поставени со новиот закон за абортус да ти го отежнуваат остварувањето на твоето уставно загарантирано право да направиш абортус или доколку целата постапка го нарушила твоето достоинство слободно контактирај не за помош и поддршка.
Тим на гинеколози, психолози и правници во ХЕРА може да ти понуди:
- Психолошко советување,
- Медицинско советување
- Правно советување
За сите дополнителни информации контактирај ја Мила Царовска од нашата организација на hera@hera.org.mk.
Дополнитрелно може да не контактираш и за да го споделиш твоето искуство, а тоа да биде документирано. Твојата лична приказна ќе им помогне на многу други жени кои што во иднина би имале потреба од прекинување на бременоста, а со цел ваквите услови бидат променети.
Доколку одлучиш да не контактираш, целата постапка ќе биде направена во целосна доверливост, а личните податоци ќе бидат заштитени.
Кликни за повеќе информации за законските одредби за абортус.
Пред една година се донесе нов закон за прекинување на бременоста или како што сите го нарекуваат законот за абортус.
Во овој закон се воведоа промени кои што значително ја одложуваат или пак ја прават самата постапка комплицирана. Сево ова го прави абортусот помалку достапен за девојките и жените. Според новиот закон за прекинување на бременоста, ова се сите постапки кои жената која што сака да направи абортус треба да ги помине:
- Да поднесе барање до лекарот кој што ќе го изврши абортусот (притоа според законот абортус се извршува само во гинеколошките болници, а не и во секоја гинеколошка ординација или амбуланта).
- Со барањето се доставуваат наоди од ехо преглед и друга медицинска документација.
- Потоа гинекологот треба да изврши задолжително советување на жената за предностите од продолжување на бременоста и ризиците од постапката.
- Ако и по советувањето жената одлучи да ја прекине бременоста треба да потпише согласност за спроведувањето на постапката.
- Интервенцијата, односно прекинувањето на бременоста, се извршува три дена по спроведувањето на овие постапки, односно жената по три дена треба да се врати во медицинската установа.
- За прекинување на бременоста по 10-тата недела, за тоа одлучува посебна комисија формирана од Министерството за здравство