Повеќе од 8 години 8000 жени во Шуто Оризари немаат матичен гинеколог. По низата времени мерки преземени и предложени од ресорното Министерство за здравство, информациите од терен покажуваат дека тие немаат никаков ефект!
Жените од заедницата прашуваат:
Што ќе направи министерот за 2016 година за сите најавени мерки од хартија и од прес да ги добиеме и во реалноста?
Што ќе направи градоначалникот да помогне во решавањето на проблемот на Ромките од општината?