17.10.2017

Повик за учество на викенд-обука од областа на сеопфатното сексуално образование

Во рамки на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), ХЕРА објавува повик за учество на обука од областа на ССО.

Како и досега, обуката опфаќа:

  • Дводневна работилница за запознавање со седумте компоненти на ССО: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност. 
  • Обуката ви дава можност, по нејзиното поминување, да станете дел од тимот на волонтери ХЕРАМлади.

Обуката ќе се одржи на 28 и 29 октомври 2017 година во Скопје од 9 до 16 часот. Учесниците кои ќе ја поминат, ќе добијат сертификат. Обуката е бесплатна: сите трошоци, освен за пат и сместување, ќе бидат покриени од страна на ХЕРА.

Обуката е отворена за сите млади кои:

  • се на возраст од 14 до 18 години
  • сакаат да добијат информации од полето на сексуалното и репродуктивното здравје и права
  • се мотивирани да бидат волонтери во ХЕРА
  • сакаат да работат во тим и знаат да исполнуваат задачи навреме

Заинтересираните, најдоцна до 25 октомври 2017 година (среда) треба да испратат пополнета пријава за присуство на врсничката едукација. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса. Бројот на учесници е ограничен.

Документите со назнака на пораката повик за обука од областа на ССО можете да ги доставите по електронска пошта: seksualnoobrazovanie@hera.org.mk

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Пролетна Европска недела на тестирање за сексуално преносливи инфекции

Од 17 до 24 мај ја одбележуваме пролетната Европска недела на тестирање под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“. Зошто? Затоа што сексуалниот однос треба да биде причина за уживање, не за инфекции! А тестирањето за сексуално преносливи инфекции – дел од грижата за сопственото здравје!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Повик за понуди: Анализа на пазарот за потребата од услуги од социјалното претпријатие „Нега Плус”

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање физичко или правно лице за спроведување анализа на пазарот за воведување нова линија на услуги во рамки на работењето на социјалното претпријатие „Нега Плус”.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.