ПОЗАДИНА
Младинските центри за сексуално и репродуктивно “Сакам да знам“, лоцирани во амбулантата Водно и Шуто Оризари, здравје се формирани во 2005 и 2006 година со поддршка на меѓународните организации. Центрите се наменети за заштита и грижа за сексуалното и репродуктивно здравје на младите на возраст до 30 години, особено од социјално-ранливите и маргинализирани заедници. Годишно околу 2500 – 3000 клиенти користат повеќе од 8.000 услуги од овие центри, односно гинеколошки прегледи и советувања, ПАП тестови, ЕХО прегледи, контрацепција, дерматолошки прегледи и советувања, Крио терапија, тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции, психо-
социјални советувањa за сексуалноста и родово-базирано насилство како и организирани едукации на теми од сексуалното и репродуктивно здравје. Сите услуги во центрите се анонимни и бесплатни. Корисниците исто така добиваат бесплатни контрацептивни средства (кондоми, орална контрацепција, спирали) и антибиотска терапија за сексуално преносливи инфекции.
Во Декември 2016 година завршува меѓународната поддршка од Глобалниот Фонд за ХИВ/СИДА преку кој овие центри во изминатите 7 години беа финансиски поддржани. ХЕРА во изминатите години, а особено годинава презема разни мерки и активности со цел да се обезбеди финансиска оддржливост на младинските центри и нивно опстојување и по 2016 година, преку мобилизирање на приватниот сектор за социјална одговорност за младинското здравје, застапување за вклучување на младинските центри во државниот систем за финансирање на јавното здравство и други fundraising активности.
Со цел подобро внатрешно буџетско планирање и користење на аргументи при застапување кои се засноваат на економски вредности од работата на младинските центри, ХЕРА објавува повик за изработка на минимален и оптимален годишен финансиски план за работа на младинските центри “Сакам да знам“. При изработката на финансискиот план консултантот ќе ги има на располагање сите податоци од трошоците за услугите,
надоместоците на персоналот и другите индиректни трошоци што произлегуваат од неговата работа. Дополнително консултантот ќе треба да ја истражи побарувачката од клиентите, нивната платежна моќност за плаќање на одредени услуги и степенот на економска оправданост за разните услуги кои се обезбедуваат во двата младински центри.
ЦЕЛИ:
– Да спроведе истражување меѓу корисниците на младинските центри со кои ќе се утврди кои услуги им се потребни на младите, платежната способност на клиентите за плаќање на одредени услуги и задоволството од услугата
– Да подготви минимален и оптимален годишен финансиски план за функционирање на двата младински центри „Сакам да знам“ кој одговара на потребите и платежната способност на клиентите (согласно истражувањето), побарувачката на услуги и економските придобивки
ПРОФИЛ НА КОНСУЛТАНТОТ
– Повеќегодишно искуство во подготовка на финансиски или бизнис планови и буџети
– Искуство во спроведување на квалитативни или квантитативни истражувања
– Истражувачко искуство во областа на јавното здравје ќе се смета како предност
ЗАДАЧИ И ВРЕМЕНСКА РАМКА
– Да подготви методологија за истражување меѓу корисниците на младинските центри за услугите кои им се потребни, нивната платежна способност и задоволството од услугите (1 Април)
– Да подготви методологија на изработка на минимален и оптимален финансиски план за работата на младинските центри (10 Април)
– Да го спроведе истражување меѓу корисниците на младинските центри и подготви извештај (30 Април)
– Да изработи минимален и оптимален годишен финансиски план за работата на младинските центри “Сакам да знам“ (20 Мај)
– Да ги презентира наодите од истражувањето и финансиските планови пред претставници на ХЕРА (1 Јуни)
АПЛИЦИРАЊЕ
На повикот можат да аплицираат физички лица (или тим) и правни субјекти
Заинтересираните лица најдоцна до 28 Март треба да достават:
1. Професионална биографија со вклучени референција на истражувања и искуство во подготовка на финансиски или бизнис планови
2. Предлог методологија и алатки кои ќе се користат за спроведување на активностите и временска рамка
3. Предлог финансиска рамка за реализација на активностите
Документите со назнака Повик за консултант треба да се достават на следната
електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 5 дена по затворањето на повикот.